Божик во МПЦрква Св.Никола во Престон, Мелбурн

Како секоја година и оваа година прославувањето на Божикните празници почна со вечерна празнична богослужба на Бадник. Црквата беше постелена со слама и бадникови гранчиња потсетуваќи на Витлеемската пештера.  По светата богослужба на нај младите им се поделија пакетчина подготвени од Црковниот Одбор. Радоста беше уште поголема кога се запали и коледарскиот оган кој го симболизираше и наликуваше на оној оган кој пастирите го запалија пред 21 век пред пештерата на Богомладенецот Христос кога разбраа од ангелите за раѓањето на Спасителот. Се запееја и празнични песни кои траиционално се пејат на празничниот оган.  Една од нив беше и старата коледарска песна која во наша родна Македонија се пее по повод Божикните празници-

КОЛЕДИЦА,ВАРВАРИЦА И ПО НЕА ВАСИЛИЦА,

ЕДНАШ НИ Е ВО ГОДИНА КАКО ЦВЕЌЕ ВО ГРАДИНА,

ДОМАЌИНЕ СТОПАНИНЕ,

АКО СПИЕШ РАЗБУДИ СЕ,

АКО ПИЕШ ВЕДЕЛИСЕ,

КОЛЕДЕ,КОЛЕДЕ, ДАЈМИ БАБО КОСТЕНЧЕ.

Следниот ден раново наутрото со празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија се прослави Рождеството на нашиот Спасител Господ Исус Христос.Црквата беше претесна за да ги прими сите верни чеда на Мајката Македонска Праволсавна Црква кои со радост на лицата присуствуваа на Св.Божествена Литургија и многумина кој за Божикниот пост се беа подготвиле со покајание, пост, молитва и преку Светата Тајна Исповест се причестија и се соединија со Спасителот Господ Исус Христос. На крајот од Божествената Литургија присутните во црквата беа поздравени од надлежниот Архиереј на нашата Македонска Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ),                Г-дин Петар, кој испрати по повод Божик посланица во која татковски и Архипастирски им го честита Божик  на сите верници во МПЦЕАНЗ поздравувајќи  ги со христијанскиот поздрави:  ХРИСТОС СЕ РОДИ !

На кој поздрав целиот народ отпоздрави со : НАВИСТИНА СЕ РОДИ!