Orthodox Church - Macedonian Orthodox Church - Македонска Православна Црква

Свети праведен Јов Многустрадален
Книга за Јов

глава  1

1 Имаше еден човек во земјата *Уз, по име Јов; тој човек беше непорочен, праведен, богобојазлив и го одбегнуваше злото.

2 И му се родија седум синови и три ќерки.

3 Имотот му беше: седум илјади овци, три илјади камили, петстотини рала волови, петсоттини ослици и мошне многу слуги; и тој човек беше најпрочуен меѓу сите синови на Исток.

4 Синовите негови се собираа и приредуваа гозби секој во домот свој, на својот ден, а ги покануваа и трите свои сестри да јадат и да пијат со нив.

5 Кога завршуваа дните на гозбите, Јов ги повикуваше, та ги советуваше, и станувајќи изутрина рано, принесуваше сепаленици по бројот на сите нив и едно теле за грев на душите нивни. Зашто Јов велеше: можеби синовите мои згрешиле и го навредиле Бога во срцето свое. Така постапуваше Јов во сите такви денови.

6 *Еден ден дојдоа синовите Божји да застанат пред Господа; меѓу нив дојде и сатаната.

7 И му рече Господ на сатаната: “Од каде дојде?” А сатаната му одговори на Господа и рече: “Одев по земјата и ја обиколив.”

8 И Господ му рече на сатаната: “Обрна ли внимание на мојот слуга Јов? Оти на земајта нема таков како него: човек непорочен, праведен, боговојазлив и кој го одбегнува злото.”

9 Му одговори сатаната на Господа и рече: “Зар попусто Јов е богобојазлив?

10 Не го огради ли Ти него и куќата негова наоколу и се што има тој? Ти ги благослови делата на рацете негови, стадата негови се шират по земјата;

11 но пружи ја раката Своја и допри се до се што е негово, ќе Те благослови ли тогаш.”

12 И му рече Господ на сатаната: “Еве, се што е негово, е во твоја рака; само врз него не кревај рака? – И си отиде сатаната од лицето Господово.

13 Еден ден синовите и ќерките на Јова јадеа и пиеја вино во куќата на првородениот брат свој.

14 И ете, доаѓа известувач при Јова и вели: “Воловите ораа и ослиците пасеа покрај нив,

15 кога Савејците нападнаа и ги отераа, а момоците со остар меч ги погубија; избегав само јас за да ти јавам.”

16 Додека уште говореше, дојде друг и вели: “Оган Божји од небото падна, ги изгори овците и момоците и ги голтна; и побегнав само јас, за да ти јавам.”

17 Додека тој говореше, дојде трет па вели: “Халдејците, наредени во три чети, нападнаа на камилите и ги отераа, а момците со остар меч ги погубија; само јас избегав, за да ти јавам.”

18 И додека тој уште говореше, се појави друг и рече: “Синовите и ќерките твои јадеа и пиеја во куќата на првородениот брат свој;

19 ете, дувна силен ветар откај пустињата и ги зафати четирите агли на куќата; куќата се урна врз децата и тие умреа; се спасив само јас, за да ти јавам.”

20 Тогаш Јов стана, ја *раскина горната облека, ја острига главата своја и падна на земја, па се поклони

21 и рече: “Гол излегов од утробата на мајка ми, гол и ќе се вратам. Господ даде, Господ го зеде; како што му беше угодно на Господа, така и станува. Нека е благословено името Господово!”

22 Во сето тоа Јов не згреши и ништо неразумно не изрече за Бога.

Јов

глава  2

1 Еден ден дојдоа синовите Божји да застанат пред Господа; меѓу нив дојде и сатаната да застане пред Господа.

2 И му рече Господ на сатаната: “Од каде дојде?” Му одговори сатаната на Господа и рече: “Одев по земјата и ја обиколив.”

3 Тогаш му рече Господ на сатаната: “Обрна ли внимание на Мојот слуга Јов? Зашто на земјата нема таков како него: човек непорочен, праведен, богобојазлив и кој го одбегнува злото, и уште цврсто се држи во својата непорочност, иако ти Ме поттикнуваше, да го погубам без вина.”

4 Му одговори сатаната на Господа и рече: “Кожа за кожа, а за животот свој чвеок ќе даде и се што има;

5 но ајде пружи рака и допри се до коските негови и плотта негова, – ќе Те благослови ли и тогаш?”

6 И му рече Господ на сатаната: “Ете, тој е во твоја рака; само душата не земај му ја.”

7 Си отиде сатаната од лицето Господово и го порази Јова со лута рана – од стапалките на нозете негови до самото теме негово.

8 И си зеде Јов тогаш цреп за да се чеша со него, и седеше на буништето надвор од градот.

9 И му рече неговата жена: “Зар си уште цврст во добротата своја. Навреди Го Бога и умри!”

10 Но тој и рече: “Говориш како безумна. Зар доброто го примаме од Бога, а злото да не го поднесуваме?” – Во сето тоа Јов не згреши со устата своја.

11 Слушнаат тројцата пријатели Јовови за сите тие зла што го беа снашле, па тргнаа секој од своето место: Елифаз од *Темна и Вилдад од Сува и Софар од Нам; се состанаа, за да одат да тагуваат заедно со него и да го утешуваат.

12 И кога кренаа очите од далеку, тие не го познаа; па викаа со силен глас, та заплакаа; секој ја раскина својата горна облека и се посипаа со земја врз главите свои.

13 И седеа со него на земјата седум дена и седум ноќи: никој ни збор не му проговори, бидејќи гледаа оти страдањето му беше многу големо.

Јов

глава  3

2 Па почна Јов и рече:

3 Нека е проклет денот, во кој се родив, и ноќта во која рекоа: – се роди дете!

4 Тој ден нека биде темнина; да не го побараше Бог одозгора и да не изгрееше над него светлина!

5 Да го затемнеше темнина и смртна сенка, црн облак да го покриеше, за да се плашат од него, како од врел сончев изгор!

6 Таа ноќ, – темнина да ја опфати, да не се смета меѓу дните на годината, да не влезе во бројот на месеците!

7 О, таа ноќ! Без луѓе да беше; веселба да не влезеше во неа!

8 Нека ја проколнат оние, што го колнат денот, кои се способни да го разбудат левијатанот!

9 Нека потемнат ѕвездите во самракот; да ја чекаше светлината и таа да не дојдеше за да не ги види трепките на зората;

10 зашто не ги затвори дверите на мајчината ми утроба и не ја сокри тагата од очите мои!

11 Зошто не без умрел кога сум се раѓал, и не бев издивнал – кога сум излегувал од утробата?

12 Зошто ме прифатија на колена? Што ми требаше да цицам гради?

13 И сега ќе лежев и ќе почивав; ќе спиев; и ќе ми беше спокојно

14 заедно со царевите и земни советници, кои градеа пустињи за себеси,

15 или со кнезови, што имаа злато и кои ги полнеа домовите со сребро;

16 или, како пометниче закопано, немаше да ме има, како младенците што не виделе светлина.

17 Таму беззакониците престануваат да задаваат страв, таму почиваат изнемоштените.

18 Таму затворениците заедно се насладуваат од спокојство и не ги слушаат викотниците на надзирателот.

19 Мал и голем таму се рамни; робот е слободен од господарот свој.

20 Зошто на бедниците им е дадена светлина, и живот – на душевно огорчените,

21 *кои ја очекуваат смртта, а ја нема, што ја бараат повеќе отколку закопана драгоценост,

22 би се радувале до восхит, би се восхитиле, зашто нашле гроб?

23 Зашто му е дадена светлина на човекот, чиј пат е сокриен и кого Бог со мрак го опкружил?

24 Воздишките мои го испреваруваат лебот мој, офкањата мои течат како вода,

25 зашто страшното, од што се ужасував, тоа ме снајде; од што се плашев, тоа ме сполета.

26 Нема за мене мир, нема спокојство, нема утеха; настапи зло.”

Јов

глава  42

16 Срцето му е цврсто како камен, кораво како долен воденички камен.

17 Кога се подига, јунаци треперат, сосема се губат од ужас.

18 Кој меч ќе се допре до него, не издржува; не издржува ни копје, ни кратко копје, ни оклоп.

19 Железото го смета за слама, бакарот – за гнило дрво.

20 Стрелата ни лакот нема да го подгони; камењата од праќката во плева се претвораат за него.

21 Боздоганот за него е како сламка; над пиштењето од стрелата тој се смее.

22 Под него има остри камења, и тој лежи врз остри камења во калта.

23 Он прави морската длабочина да врие како котел, морето го претвора во зовриена маст;

24 зад себе остава светла трага; бездната избледа како бело руно.

25 На земјата нема сличен на него: он е создаден бестрашен;

26 на се, што е високо, гледа смело; он е цар над сите синови на гордоста.

Јов

глава  42

1 Му одговори Јов на Господа и рече:

2 “Знам, дека Ти се можеш, и дека намерата Твоја не може да биде неизвршена.

3 Кој е тој, што го помрачува Провидението – со зборови што не ги разбира? Ете, јас го говорев она што не го разбирав, за чудни дела, што не можев да ги знам.

4 Послушај ме, викав јас, и ќе говорам, и што ќе Те прашам, објасни ми го.

5 Бев слушал за Тебе со слухот на увото; сега, пак, очите мои Те гледаат;

6 затоа јас се откажувам и се покајувам во прав и пепел.”

7 И потоа, откако Господ му ги изговори на Јова овие зборови, му рече на Елифаза од Темна: “Се разгоре гневот Мој против тебе и против двајцата другари твои, затоа што не зборувавте за Мене вистина, како Мојот слуга Јов.

8 Затоа, земете си со себе седум телиња и седум овни, па одете кај Мојот слуга Јов и принесете си за себеси жртва; и Мојот слуга Јов ќе се помоли за вас, зашто само неговото лице ќе го примам, за да не ве отфрлам, поради тоа што не говоревте за Мене вистина, како слугата Јов.

9 И отидоа Елифаз од Темна, Вилдад од Сува и Софар од Нам, и направија како што им заповеда Господ, – а Господ го прими лицето Јовово.

10 Му ја врати Господ на Јова загубата, кога тој се помоли за пријателите свои; и му даде Господ на Јова двојно повеќе од она што го имаше пред тоа.

11 Тогаш дојдоа при него сите негови браќа и сите негови сестри и сите негови поранешни познати, па јадеа со него леб во куќата негова и му изјавија сочувство, утешувајќи го за сето зло, што Господ го беше допуштил врз него, и секој му даде по еден сребреник и по еден златен прстен.

12 И ги благослови Бог последните денови на Јова повеќе од напрешните: тој имаше четиринаесет илјади дробен добиток, шест илјади камили, илјада чифта волови и илјада ослици.

13 Имаше и седум синови и три ќерки.

14 Првата ја именува Емина, втората – Касија, а третата – Керенкапух.

15 По целата земја немаше такви убави жени, како Јововите ќерки; татко им и ним им даде наследство меѓу браќата нивни.

16 По ова, Јов живееше сто и четириесет години и доживеа да види синови и внуци до четвртото колено.

17 Умре Јов стар и сит од животот.

Символот на верата од св Атанасиj Велики
Символот на верата претставува кратко и јасно исповедување на христијанската вера. Уште од првите векови на христијанството се појавило потреба од еден краток текст како утврдено исповедање на верата во кој накусо ќе бидат опфатени сите главни точки на на христијанската вера. Таквите текстови пред се се појавиле за потребите на катенетските школи преку кои свештенослужителите ги учеле новите кандидати за крштевање и да се заштити христијанството од бројните ереси кој тогаш ги имало, а зас жал ги има и сега.

Во почетокот имало повеќе символи на верата кој ги пишувале помесните локални Православни Цркви а, ги одобрувал епископот. Тие по суштина биле исти а, се разликувале по формата на изразувањето (исповедањето). Така било сè додека не се напишал и донел единствениот унифициран символ на верата на Првиот Вселенски собор во Никеја од 325 година, а подоцна и на Вториот Вселенски собор во Константинопол (Цариград) од 381 година, поради што овој символ на верата се нарекол Никео-Цариградски символ на верата. Кој што и не е измислување на некое ново учење туку формулирање на целовкупното апостолско предание изложено во кратки црти. Овој символ на верата и ден денес се исповеда во Православната Црква и секој Православен хрисијанин е потребно да го знае.

Св Атанасиj  Велики Александриски кој бил ученик на св. Александар Александриски, во чие време се појавила Ариевата ерес, го запишал сето она што до третиот век бело пренесувано од Апостолите, преку нивните ученици во свое “Александриско” исповедување на верата врз кое подоцна се базира и општото соборно исповедување на верата.

Ова е краткото Алексадриско исповедување на верата од св. Атанасиј:

1. Оној кој сака да се спаси, пред се треба да ја почитува соборната вера, која – ако – во целост и непогрешно не ја сочува, без сомневање засекогаш ќе загине.

Верата, Соборна е оваа:

2. Ние го прославуваме Едниот Бог во Троица и Троица во Еден,

Со три Личности неслиени и една природа неразделна.

Зашто една е Личноста на Отецот, друга на Синот и друга на Светиот Дух, но Божјата природа на Отецот, Синот и Светиот Дух е една, Славата е една, и Величието е едно.

Каков е Отецот, таков е Синот, таков е и Светиот Дух.

Несоздаден е Отецот, несоздаден е Синот, Несоздаден е Св. Дух.

Несфатлив е Отецот, несфатлив е Синот, несфатлив е Светиот Дух.

Вечен е Отецот, вечен е Синот, вечен е Светиот Дух, меѓутоа не Троица вечни, туку Еден Вечен.

Не се Троица несоздадени, ни троица несфатливи – туку Еден несоздаден и еден несфатлив.

Како што Отецот е Семоќен, така и Синот е Семоќен и Светиот Дух е Семоќен (Седржител, Сеприсутен).

Не троица Семоќни туку Еден Семоќен. Отецот е Бог, Синот е Бог и Светиот Дух е Бог, меѓутоа нема три Богови, но само Еден Бог.

Слично, Отецот е Господ, Синот е Господ и Светиот Дух е Господ,

но нема Три Господиновци но само Еден е Господ.

Како што според Христијанската Вера секоја Личност ја нарекуваме Бог и Господ, така според истата Соборна Вистина не смееме да кажеме дека има три Богови или три Господиновци.

Отецот од никого не е создаден, ни креиран ни роден.

Синот не е создаден од Отецот, ниту е креиран, туку е Роден.

Светиот Дух не е создаден од Отецот, ниту креиран, ни роден. Светиот Дух од Отецот произлегува.

Има еден Отец, а не три Отци. Еден Син а не три сина. Еден Свет Дух а не три свети духови.

Во лицата на Света Троица никој не е прв или последен, и никој не е поголем или помал. Сите три личности се вечни и еднакви.

Според она што до сега го кажавме, Троица во Еден, и Еден во Троица го Прославуваме.

Затоа кој сака да се спаси треба вака да размислува за Пресвета Троица.

3. Заради нашето спасение треба точно да веруваме и во Воплотувањето на нашиот Господ Исус Христос.

Вистинска вера е кога веруваме и кажуваме дека нашиот Господ Исус Христос Синот Божји, е Бог и Човек.

Бог по природата на Отецот, пред времето роден, и човек по природата на мајката, во времето роден.

Совршен Бог и совршен Човек, со душа разумна и тело човечко.

Еднаков на Отецот со неговата Божја Природа и помал од Отецот со неговата човечка природа.

Иако Он е Бог и Човек, во него нема две личности, но еден е Христос (Месијата).

Еден, не со претворање на Божјата природа во Тело, но со примање на човечката природа од Божјата.

Еден во полнота, не со слевање на природата, но со единство во Личноста (Христос е само една Личност).

Како што еден човек има разумна душа и тело, слично Еден е Христос, Бог и Човек, Богочовек.

Кој пострада заради наше спасение и слезе во адот и во третиот ден воскресна од мртвите.

И се вознесе на небесата и седна од десно на Бог, Отецот Семоќен.

Од каде што ќе дојде да им суди на живите и мртвите.

И со своето доаѓање, сите луѓе со телата свои ќе ги воскресне, за да дадат одговор за делата свои.

И ако правеле добро, во вечен живот ќе појдат, ако правле зло, во вечен огин.

Ова е Соборната вера. Во неа ако некој верно и вистинито не поверува не може да се спаси.

Што е Црквата? – Протојереј Глигор Киселинов
Проблемите што се појавија во нашата заедница околу Црквата и нејзиното устројство, се појавија токму од тоа што оние кои се членови на Црквата, не ја знаат суштината на постоењето на Црквата, не ја знаат нејзината цел и не го знаат устројството на Црквата а за незнаењето светите Отци велат дека е еден од најголемите гревови,. Токму тоа н# поттикна да напишеме и да објасниме што е Црквата и која е нејзината улога?

Црквата не е една обична институција, во која за некој да биде член, треба да плати извесна членарина, па да дојде на раководно место и да работи по свое. Црквата не е само една обична земна организација, социјално, културно или спортско душтво туку е од Бога востановена организација, чии членови меѓусебно се соединети со една вера во Господ Исус Христос. Православната Црква се разликува од другите човечки општествени и религиозни заедници по тоа што таа е небесно-земна организација, односно таа е богочовечки жив и неделив организам, на кој глава му е Христос, а телото се нејзините членови – верниците. Во тој организам, со кој раководи Самиот Господ Исус Христос, секој од верниците има своја функција, како ерархијата, така и народот, исто како што секој орган и дел од телото има своја функција.

Цркават е Тело Христово, како што учИ Светото Писмо И св.ап. Павле. И како што е телото едно, а има многу органи И сите органи од тоа тело, па колку И да се тие, едно тело се – така И Христос. Зашто преку еден Дух сме крстени во едно тело… И уште: Вие сте телото Христово, а пооделно членови. И едни од вас Бог Бог постави во Црквата апостолиц, второ пророци, трето учители ( епископи )…1 КОр 12,

Црквата е телото Христово, заедница, собор на едноверен народ собран околу својот епископ на светата Литургија И како што вели Големиот Црковен учител св.Игнатиј Богоносец, ученикон на нјавозљубениот Христов ученик, св.Јован Богослов:  Каде е епископт , таму е И Црквата И без епископ нема Црква. Па колку И да се соберат во име на нечија “ црква “ ако  нема епископ неможат да бидат Црква затоа што сите дарови на Црквата ( на заедницата, соборот, верниот народ ) се раздаваат преку епискпот. Ова не е некое ново учење, туку е старо колку И Црквата. И не можеме да го смениме како што се вели во Светото Писмо кој  ке нарушИ  една  јота ( буква ) од законот најмал да се нарече во Цраството небесно. Исто така И да дојде ангел од небото да ви проповеда нешто друго да е анатема.

Црквата ја основал Господ Исус Христос. Кога апостол Петар го исповедал Христос за Син на живиот Бог, Тој рекол: “…на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат” (Матеј 16, 18). Со овие зборови Христос кажал дека Неговата Црква ќе се темели на силна и непоколеблива вера во единиот Госопод Исус Христос, Син на живиот Бог. Основањето на Црквата се случило на самиот ден Педесетница, кога Св. Дух слегол на апостолите во вид на огнени јазици (Дела Ап. 2, 3).  Кога биле просветлени со силата на Светиот Дух. Сите оние кои поверувале и се крстиле, станале членови на Црквата. Апостолите оделе насекаде, проповедале и основале цркви или поточно ја проширувале Црквата затоа што Црквата е една , света, соборна И апостолска. Во новооснованите цркви ракополагале епископи, како нивни преемници ( продолжувачИ ја преданието И службата ), кои ги оставале да раководат со верниците, да ги поучуваат во верата и да ја принесуваат бескрвната жртва (да служат Литургија).

Од апостолското време, па до денес, Црквата живее и се раководи според Божјите закони, кои ги дал Самиот Господ Бог. Во текот на времето се појавувале разни погрешни учења околу вистините (догмите) на Црквата, затоа што некои сакале со својот разум да ги објаснат догмите. Па затоа, Св. Оци се собирале на Собори, на кои го кристализирале црковното учење и ги осудувале ересите. За тоа тие се повикувале и базирале на основа на Св. Писмо и на Светото Предание, односно, делата на Светите оци, кои се всушност толкување на Светото Писмо.

Секој оној кој не се согласувал со учењето на Црквата, И покажувал непослушание кон Црквата И епископите, него Светите Оци го осудувале како гршник и еретик го отстранувале од Црквата И света Причест и со тоа неговото членство во Црквата престанувало. Оние кои останувале упорни во своите погрешни учења, основале свои верски заедници, но, надвор од Црквата, кои се познати како христијански секти (ереси). Затоа и Црквата, која грижливо ја чувала чистотата на верата предадена од апостолите, останала чиста и неизвалкана во своето верување, затоа што оние кои сакале да ја извалкаат, биле отстранувани.

Спасителот Господ Исус Христос постојано и невидливо ја раководи Црквата и управува со неа. Тој им се обратил на апостолите: “Јас сум со вас до свршетокот на светот” (Мат. 28, 20). Тој ја исполнува со благодат и вистина (Јован 1, 14 и 16).

Господ им дал власт на апостолите и на нивните преемници (наследници) да раководат со Црквата: “Кој вас ве слуша и Мене Ме слуша и кој од вас се одрекува и од Мене се одрекува” (Лука 10,16). Но, и покрај власта што ја дал Господ Исус Христос на ерархијата, сепак Христос останува нејзина Глава и врховен Учител, а ерархијата пак, е само во служба на Христа. Оној кој не ја почитува ерархијата, според погорниот цитат, не Го почитува ниту Христа.

Кога Савле, кој бил голем ревнител на Старозаветниот Закон, се упатил за Дамаск за да ги фати христијаните и да ги доведе врзани во Ерусалим, на патот имал чудно видение, при што Самиот Господ Исус Христос му се јавил и му рекол: “Савле, Савле, зошто Ме гониш?” А тој одговори: Кој си Ти, Господине? А Господ му рече: Јас сум Исус, Кого Го гониш ти.” (Дела Ап. 9, 3-5). Да го појасниме овој настан зошто го цитираме. Имено, Савле, не Го гонел лично Христос (Кој веќе не бил на земјата, туку бил вознесен на небесата), туку ги гонел Неговите следбеници, т.е. Црквата . А во видението, пак, Христос го прашува: “Зошто Ме гониш?” Значи, Христос, Кој на Савле му вели дека Го гони, се поистоветува со Своите следбеници, епископите пред се, на кои Господ им дал власт да раководат и управуваат со Црквата. После овој настан, Савле се пакајува, исповеда и покрстувал. Станува нов Павле и најголемиот Христов проповедник.

Но, што се случува пак во нашата Црква? Дали верниците, кои се Христови следбеници, се послушни на апостолските наследници? Дали тие ги слушаат советите на своите духовни пастири? Членовите на ерархијата, кои се пастири на Христовото стадо, се поставени од Бога да го пасат Неговото стадо, да го лекуваат од духовните болести (гревовите, пороците и страстите) и да го водат кон спасение. Секој поединец во Христовото стадо лично треба да се грижи за своето спасение, но, се разбира, под раководство на своите духовни пастири. Пастирите, кои имаат добиено невидлива Божја благодат преку нивното ракополагање од апостолските преемници – епископите, се поставени во Христовата ерархија да се грижат за Христово стадо.

Друго наше промашување од незнаење, е нашиот однос кон нашиот епископ. Епископот е наш духовен отец, пастир кој не закрилува со своите молитви И љубов И не чува од духовниот волк , ѓаволот, кој злобно шета помеѓу нас И сака некого да проголта. И кога ке виде некој загубена овца која не оди со стадото по својот пастир нему му е лесно да ја фати И распарчи. Нашиот однос кон нашиот Епископ треба да е личносен, Љубовен И во послушание , т.е. синовски а не намнички, односно трговнички. Како со бизнис партнер.

Како што претходно напишавме, доколку некој од членовите, верниците на Христовата Црква, не се раководи според упатствата на своите пастири, туку сака да живее според правила и прописи кои се спротивни на догмите и каноните на Црквата, тогаш таквиот треба да биде исклучен од црковната заедница. Еден таков случај имало уште во апостолското време, Бидејќи тоа се случило во Коринт, Св. Апостол Павле ги советува тамошните верници: “Нека се исфрли од вашата средина оној, што го направил тоа дело” (1. Кор. 5, 2). И како што во продолжение ги поучува во верата, за таквиот случај, и општо за било какви други гревови, апостол Павле завршува со зборовите: “…вие исфрлете го лошиот помеѓу вас” (1. Кор. 5, 13).

Истиот апостол не советува: “Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои предизвикуваат расцепи и соблазни против учењето, кое сте го научиле, и клонете се од нив! Зашто таквите не му служат на нашиот Господ Исус Христос, туку на стомакот свој, и со слатки и ласкави зборови ги измамуваат срцата на простодушните” (Рим. 16. 17-18).

Црквата раководејќи се според Божјите закони, опстоила до ден денес. Не се случило таа да промени нешто во верата, бидејќи во тој случај таа би престанала да биде Црква. Тоа се случило со разните еретици, кои сакале да го внесат своето умување во црковните догми и канони. На тој начин тие отпаднале од Црквата, а Црквата продолжила да го проповеда и чува Божественото учење, и ќе продолжи да го чува.  Зашто Исус Христос е ист, вчера И денес И вратите на пеколот нема да ја надвкадеат.

Беседа на Томина недела –
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,

Во оваа прва неделата по Велигден, наречена Томина, светите отци определиле да се чита евангелието за Томиното неверие, како потврда на вистинитоста на Христовото воскресение. Ако Тома не ги допреше ребрата Негови и не ја ставеше десната рака во Неговите рани, ден денеска светот можеше да спекулира дали Христос воскреснал или не. Меѓутоа, Тома ги допре и поверува  објавувајки „Господ мој и Бог мој“. Апостолите тоа го потврдија и заради тоа ние денеска сме утврдени  во вистинитоста. Господ рекол, блажени се оние кои не виделе, а поверувале. Сепак, поблажени се оние кои виделе,  допреле, почуствувале и поверувале. Христовото воскресение Светите Отци, тоа го нарекуваат блажено Томино неверие. Зошто мислиме така?

Ние  не треба да го потценуваме овој свет апостол и да го нарекуваме „неверен“, туку напротив, треба да го величаме и да го славиме како пример на подвиг што треба да го следиме. Тома, не дека не верувал во воскресението Христово, но заради својата збунетост и од претпазливост, затоа што многумина во тоа време измислувале разно разни приказни, тој посакал да Го допре Христос и лично да се увери во Него. Но најмногу заради својата неопислива љубов и ревност кон својот учител. Не сакал да слуша од друг (од неговите пријатели), туку лично да го види и дури да се допре до Него. Се чувствувал хендикипиран, бидејќи кога апостолите Го виделе, тој не Го видел и како да сакал со нешто да го „предизвика“ за пак да дојде и тој да го види.

Во црковно-словенскиот јазик има еден збор кој што со реформата на современиот македонскиот јазик е исфрлен и сега го нема. Тој збор е „дерзновение“. Најблизок збор кој што го објаснува во современиот македонски јазик е „смелост“, „дрскост“, „слобода“ ,, меѓутоа тоа не е најосодветно објаснување на значението на зборот. Дерзновение е сето тоа, но и повеќе од тоа. Дерзновение значи смирена смелост, истовремено храброст и слобода заради Божјата милост и нашата блискост со Него. Тој се дерзнал да Го предизвика Христос за повторно да дојде и да му се открие и нему. И се разбира, Христос бидејки безмерно ги сака сите, а посебно оние кои Него го сакаат и го бараат, му се открил и му дозволил да се допре до Неговите свети рани. Тома е единствениот кој се допрел до Христос по Неговото воскресение.

Примерот на св. Ап. Тома, треба и ние да го практикуваме. Треба да веруваме во сите зборови кои свештениците, епископите, монасите и духовниците ги проповедаат, меѓутоа сето тоа треба да се трудиме во пракса, емпириски, (искуствено) да го спознаеме и со тоа го потврдиме. Да не се задоволуваме само од кажанот, туку и ние како св. Ап. Тома да го „предизвикаме“  Христос за тој да ни се открие и ние лично го доприме. Да го гушниме, да го имаме постојано и да не го испуштаме повеќе. Тоа можеме да го направиме само во очистеното срце.

Светите Отци пишуваат дека пред се, има две основни начела во духовен живот: пракса и теорија. Праксата и теоријата се секогаш поврзани и едната ја раѓа другата. Праксата и Теоријата мора да бидат Православни за правилно  да ја спознаваат и изразуваат Вистината, оттука е и терминот Православие, односно правилно исповедување, право славење на едната и единствена вера во Бог и право практикување на таа вера, (ортодоксија и ортопраксија). Правилниот подвиг во очистувањето на срцето преку исполнување на Божјите заповеди и Евангелските повеленија раѓа правилно познание на Бог и Неговно правилно исповедување и почитување.

Врата за влез во Црквата е основен услов за да го познаеме Него, да се допреме до Него и го наследиме животот вечен е да се крстиме.  Еден е Бог, а со тоа една е и Црквата, која е тело Христово, а чија глава е Исус Христос. Не постои една глава со две тела, и обратно, нема едно тело со две глави. Тоа е ненормално. Според тоа една е вистинската Црква. Црквата која Исус Христос, со Својата крв ја основал, натемелена е на верата на апостолите, со крвта на светите маченици запечатена, а со учењето на св. Отци формулирана. Светата Црква е единственото место каде што реално можеме да го допреме Бог. Тоа најпрво се прави со светата тајна крштение. Со трикратното потопување во името на Отецот и Синот и Светиот Дух и потоа со помазувањето со мирото за даровите на Светиот Дух, ние се соединуваме и „облекуваме“ во Бог. Единствен услов за крштевањето е да се верува и Православно да се исповеда таа вера во Бог, затоа и крштевањето е едно и тоа мора правилно да се изврши. Оној кој Православно не ја исповеда верата тој не е ни крстен. Според св. Василиј Велики и каноните на Православната Црква , на секој оној кој правилно не ја исповеда догмата на Света Троица, не треба да им се признаваат Светите Тајни како вистински. Во Симболот на верата прифаќаме едно крштение, па следствено на тоа, сите оние кои не исповедуваат Православна вера или не се крстени Православно, треба да се крстат правилно во името на Отецот, Синот и Светиот Дух, во едната света, соборна и апостолска Црква.

Догмите се богооткриени вистини. Бог преку светите луѓе зборува за Самиот Себе и Неговите тајни. Тие се вечни и неменливи вистини и секој кој не ги почитува или ги изменува и додава некои нови, тој е еретик и надвор од Црквата. Таквиот треба да се покае за повторно да влезе во единство со едната, света, соборна Црква. Ако ги практикуваме и почитуваме догматите на Црквата, тоа значи дека сме во вистината и вистината ќе не ослободи и во животот ќе ни биде светло. А ако почнеме да ги отфрламе и да се сомневаме во нив, или да измислуваме некои други догми тогаш нашиот ум е помрачен од демонот, духот на темнината и ние сме негови слуги. Затоа треба да се трудиме со сета своја одговорност да ги почитуваме догмите  на светата Црква бидејки тие потекнуваат од единствениот Бог.

Исто така и каноните, кои произлегуваат од догмите треба дословно да ги практикуваме. Ниеден канон, не е измислен туку така, без причина и потекло. Секој канон (правило)  потекнува од соодветна догма или пракса во Православната Црква. Канон значи правило или закон во Црквата. Каноните ни се дадени како ориентир, правило по кое треба да се раководиме за да не отпаднеме од Црквата. Не може и на ниеден начин не е оправдано ако сакаме самостојно да ги толкуваме, менуваме или отврламе каноните на Православната Црква. Таквите кои ја порекнуваат важността на каноние и ги одекуваат самите себе се отстрануваат од Црквата. И таквите треба да се покајат за да се вратат повторно во Црквата. Под никој основ не  треба да се измислуваат изговори  дека тоа било во минатото, а сега не е така, само со цел да ги задоволат своите страсти, па да живеат раскалашано и развратно. Меѓутоа, повторно ќе се вратиме на фактот дека, Бог е еден, една е Црквата, едно е исповедувањето на верата и според тоа и едно е практикувањето на верата преку светите канони.  Тие може да се формулираат на поинаков начин, но не треба да се менуваат и отфрлуваат во суштина.

Покрај православното исповедување на верата, треба да имаме и православно живеење, православна практика на православната вера. Ако ние не ја практикуваме верата каква што е, тогаш се заблудуваме и сме надвор од патот и вистината. Тогаш почнуваме и да ја менуваме верата и прилагодуваме според нас и нашите страсти, па ќе почнеме да ги испревртуваме Евангелските зборови, давајки им друго значение. Ќе почнеме да ги менуваме догмите на верата, а за светите канони ќе велиме дека се непотребни и невозможни во ова наше „современо“ време. Тогаш само формално ќе се нарекуваме Православни, а според нашиот живот ќе бидеме далеку од Православието, односно, неправославни. Православната пракса пред се е да Го исповедаме и возљубиме Господа со сето свое срце, со сиот свој ум и сиот свој разум и да го возљубиме својот ближен како самите себе. На овие два закона, кој всушност е еден, се базираат сите Божји заповеди, десетте Божји заповеди, каноните на Црквата, правилата итн. На тој начин  практикувајќи ги заповедите Божји, живеејки добродетелен свето-таински живот во Црквата ние учествуваме во Божествениот живот, во Божјата природа, односно во Божјите енергии и заедничариме со Бога, Го познаваме Бога.

Покрај исполнувањето на Божјите заповеди, односно добродетелите, потребно е и практикувањето на непрестајна молитва. Молитвата е заедница и разговор на човекот со Бога. Кога човекот разговара со Бог и го призива Неговото име тогаш тој е и со Бог, зашто таму кадешто е името, таму е тој кого го призиваме. На тој начин заедничариме, Бог е во нас и ние сме во Бога и носиме одговорност за нашето живеење.  Како можеме да тврдиме дека разговараме и заедничариме со Бога, а да мислиме на разни глупости, и да вршиме недолични дела. Тоа е невозможно. Ако непрестајно го изговараме, призиваме, името Божјо „ Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот“ тогаш и непрстајно нашиот ум ќе е со и во Бога и ќе се заштитеме од секакво ѓаволско влијание. Затоа е потребно заради нашата сигурност, а и од љубов кон Бога, непрестајно да се молиме. Бог прв не возљуби, дури и Својот единороден Син го даде за нас и нашето спасение, тогаш и ние треба да Го возљубиме Господа со сето свое срце, сиот свој ум и сиот свој разум и на тој начин стануваме и учесници во Божествениот живот и наследници на вечното царство, и тоа уште сега и овде. Не да го чекаме, туку уште сега и овде да го прифатиме.

Поради нашите слабости, сите ние грешиме, а бидејќи Бог е Љубов, го дал покајанието и исповедта, за повторно враќање и присоединување кон таа заедница со Него. Покајанието и исповедта се исто така едни од средствата со кои го допираме Бог. Покајанието и исповедта е враќање од грешниот пат, од грешното заедништво со демоните на темнината, кон Бога, кон вистината, љубовта и вечниот живот. На тој начин ние повторно се допираме до Бога. Откако неразумно сме се одделиле од Бог, сега како разумни се каеме и враќаме кон Него. Не треба да бидеме како свињите откако се искапат, и валкаме во калта, повторноа се враќат, туку треба разумно да застанеме и цврсто да се држиме за Христос. Да не дозволиме ниедно искушение, ниеден ветар, ниедна соблазна, ниедно учење надвор од Црквата или световен закон, или световно задоволство и понуда да не оттргне од вистината Божја, односно од покајанието, љубовта и молитвата.

И најсигурно од се е светата Причест. Ако не се причестуваме, Господ Исус Христос рекол дека нема да имаме живот вечен. Затоа  секој којшто го јаде Телото Негово и ја пие Крвта Негова, тој ќе има живот вечен и Бог е во него и тој е во Бога. Преку причеста живеејки достојно за да ги примиме светите тајни ние најреално се допираме и соединуваме со Бог. Тогаш, на тој начин се образуваме. Полека полека со подвиг, преку духовното раководство на опитен духовен отец, преку послушанието и довербата во него, се чисти нашата енергија во нашето извалкано и острастено срце, а тоа е енергијата на умот, и лека полека Го осмислуваме, односно Го примаме Христос во нашите срца и Го познаваме и се држиме до Него, и тогаш јасно и гласно ќе може да речеме, како апостол Тома: Господ мој и Бог мој.

Браќа и сестри, да му заблагодариме на св. апостол Тома за неговиот карактер, што дозволил и ние денеска да се радуваме заедно со него и да веруваме во неговото православно исповедување на Бог и да живееме според Евангелието Христово и затоа блажени се оние кои не виделе, а поверувале. Сепак, поблажени се оние кои виделе,  допреле, почуствувале и поверувале…

Амин.

Bелигденските празници во Нов Зеланд
[Show as slideshow]