дома | архиереј | епархија | изданија | ризница | млади | врски | пошта | упатство |


Промоција на Македонската Православна Младина на Австралија во Сиднеј

10ти Февруари 2008

Вечерта во саботата на 9-ти Февруари во центарот за настани Ред Роуз во Рокдејл беше направена промоција на огранокот на МПМА - Македонска Православна Младина на Австралија (MOYA - Macedonian Orthodox Youth of Australia) во присуство на надлежниот архиереј Митрополитот г. Петар кој го благослови настанот со пригоден говор за улогата на младинските организации во православната црква.

Во присуство на над 400 гости се одржа забава со вечера, а приходот е наменет за купување на земјиште покрај постоечкиот храм Св Богородица Пречиста во Ливерпул.

Утредента во црквата Св Христово Воскресение, Рокдејл, со Светата Литургија чиноначалсвуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар, потоа тој изврши и две крштевки. После духовната се одржа и телесна трпеза - ручек спремен од вредните раце на жителите во парохијата.

Вечерта на 10-ти во просториите на храмот дедо Петар одржа духовно предавање со тема "За суштината на Црквата и светотајнскиот живот".

Поздравното писмо од членовите во Виктороја може да го превземетe подолу:

Поздравно писмо (doc)






















Промоција на Македонската Православна Младина на Австралија во Сиднеј


Copyright  ©2006  Macedonian Orthodox Church Diocese for Australia and New Zealand